Ако визијата на Naemura Lab од Универзитетот од Токио се исполни, наскоро ќе можеме да заборавиме на e-paper.
Во лабораторијата надежни уметници цртаат на фотохроматска хартија со помош на мастилото чуствително на топлина на Frixion, со што се создаваат креации кои можат да бидат манипулирани со компјутер. Ласер го „бриши“ мастилот за да поправи грешки или да додаде ефекти, додека ултравиолетов проектор може да го копира делото или да пополнува празнини.
Прототипот нема ни висока резолуција ни брзина, но прецизноста на ласерот (до 0,24 милиметри) веќе ги поттикнало истражувачите да почнат да сонуваат на колаборација во стилот на Google Docs со вистинска хартија, каде што промени на едно место ќе бидат спроведени и на друго.