Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД за 2025 година

Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог – Школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД.

Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на Програма за развој на извршни директори, програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмата е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство преку внимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини. Истата ќе овозможи проширување на разбирањетп за улогите, одговорностите и интеракциите на клучните функционални деловни области за да ви даде поголема доверба во управувањето со нив; зајакнување на способноста за интерпретација и примена на информации од функционални области за солидно, целосно информирано донесување одлуки;, предизвикувајќи го размислувањето со примена на нови концепти и пристапи за поагресивно натпреварување на глобалниот пазар, како проширување на светоглед со нови перспективи и практично знаење стекнато преку соработка со меѓународна група врсници. Целокупната програма ќе придонесе кон личен развој и раст на учесникикот, но и понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.

Фондацијата Робин и Мајк Зафировски ја поддржува Програмата за извршни директори – Зафировски уште од 2017 година. Македонија2025 искрено ја цени нивната посветеност и придонес кон развивање и раст на идните 100 бизнис лидери во земјата. Досега во рамките на програмата се образовале над 45-тина македонски врвни бизнис професионалци од различни индустрии, кои се развија во влијателни и прогресивни членови на македонското општество.

Повикот е отворен до 16 oктомври 2024 година.

За повеќе информации за критериумите, начинот на аплицирање, селекцијата, но и споделени лични искуства од поранешни учесници, посетете да најдете на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапна  ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на nena@macedonia2025.com.

Придружете се на оваа исклучителна можност да станете дел од групата на македонски лидери кои ја обликуваат иднината на нашата економија и заедница.

Извор