ПРВА МЕЃУНАРОДНА КОУЧИНГ КОНФЕРЕНЦИЈА ОД 6-7 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Животот е процес, а развојот е опција. Аксиома која можеби е модерното мото, кое треба вистински да го прифати секоја индивидуа во динамичното време во кое живееме. Да се биде лидер во овој век и во веќе трансформираната ера на технологијата и дигиталниот свет, вистинските шанси да се свртиме кон себеси и личните вредности сe навидум побројни, но не секогаш и не сите квалитетни. Лидерството во сите сфери од секојдневието, поготово во бизнис сегментот во секоја индустрија има потреба од целосна трансформација и насочување на истото кон коучингот како поим и практика.

Во организација на Центарот за бизнис психологија „Системски НЛП – ЈИЕ“ и АД ВЕРБУМ Ивенти, на 6-7 ноември 2024 година во Скопје ќе се оддржи „Првата Меѓународна Коучинг Конференција“ (06.11.2024 во Хотел Александар Палас и 07.11.2024 во Хотел Парк во Скопје).

„Огромно е задоволството да се организира и овозможи конференција од ваков вид, која за првпат во државата им дава можност на сите поединци и заинтересирани корпоративни учесници да се фокусираат кон личниот развој, а воедно и да ги дознаат во живо придобивките од примената на коучингот. Експертизата и искуството на сите најавени спикери и автори е незаменливо, а истото е најголемата вредност со која ќе се здобијат сите учесници на претстојната конференција во Скопје,“ изјави Марина Анчевска, акредитиран меѓународен системски коуч и тренер со над 17 годишно искуство во земјата и низ светот. Анчевска, во склоп на настанот ќе ги промовира првите две стручни коучинг книги, за прв пат преведени на македонски јазик. „Системски коучинг и констелации“ од Џон Витингтон и „Системски коучинг“ од Јан Јакоб Стам и Биби Шројдер, истите ќе бидат достапни за продажба на самиот настан.

Како дел од агендата од првиот ден ги издвојуваме интерактивното излагање во живо на Анил Томас, НЛП тренер, коуч и гешталт практичар кој доаѓа од Индија, Патриција Конлон, извршен коуч од Ирска, како и онлајн интервју во живо со Џон Витингтон, чија книга „Системски коучинг и консталации“ е една од книгите која ќе биде промовирана на настанот.

Настанот исто така ќе биде збогатен и со богата панел дискусија во која ќе се вклучат претставници од бизнис сферата во државата.

Лидерството на 21 век само по себе бара холистички пристап и е насочено кон развој. Покрај вештините за водење на процеси, потребни се вештини за водење на луѓето, кои се дел од процесот. Затоа коучингот е најпотребна вештина на секој оној, кој управува со процеси и луѓе.

Вториот ден е наменет за три интерактивни коучинг работилници со реномирани коучинг експерти кои имаат за цел кај секој од учесниците да поттикнат прашања, да ја прошират нивната рамка на размислување, да им овозможат нови увиди за тоа како поедноставно да се водат себе си, нивната работа,семејството,тимот или организацијата.

Цената на картата за присуство на Првата меѓународна коучинг конференција, изнесува 120 евра за првиот ден. Вториот ден е наменет за ексклузивни интерактивни работилници кои ќе бидат достапни за помал број на учесници со доплата од 60 евра.

Сите детали за настанот како и можноста за пријавување и купување на билети се достапни на официјалната веб страна на конференцијата – https://coachingconference.mk/

Бројот на билети и учесници ќе биде лимитиран.

За повеќе информации секој заинтересиран може да се обрати на 078402762 или на contact@centerbpsee.com, kontakt@adverbum.com.mk.

Извор