Белингем категоричен дека нема конфликт со Мбапе, Родриго и Винисиус

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги отфрли гласините за лош однос Килијан Мбапе, Родриго и Винисиус Жуниор.

-Видов на социјалните мрежи дека некој се обидува да создаде негативност меѓу Мбапе, Родриго, Винисиус и мене. Единствената вистина е дека ние сме многу добри пријатели на теренот и надвор од него, го цитира Белингем, новинарот Фабрицио Романо.

Во тековната сезона Белингем одигра три натпревари за Реал и не постигна ниту еден гол.

Мбапе има седум натпревари и пет постигнати голови, Винисиус одигра седум натпревари, даде два гола и беше творец на четири асистенции. Родриго одигра исто така четири натпревари во сезоната 2024/25, постигна еден гол и две асистенции.

- Реклама -