Дижарик: ОН нема да влезат на територијата на Курскиот регион под контрола на Украина без руска дозвола

Обединетите нации се подготвени да дојдат на територијата на Курската област на Руската Федерација под контрола на Украина, но за ова на организацијата и е потребна руска дозвола, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик, коментирајќи ја поканата на украинското Министерство за надворешни работи до ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да го посетат Курск за „мерки за хуманитарен одговор“.

„Украина ги почитува своите меѓународни обврски во областа на меѓународното хуманитарно право на освоените руски територии, па ги покани ОН и МКЦК да се приклучат на мерките за хуманитарен одговор и да ги следат“, изјави Дижарик, пренесува Гласот на Америка.

Минатата недела, Меѓународниот комитет на Црвениот крст го осуди гранатирањето на конвој со хуманитарна помош, при што загинаа тројца, а беа повредени уште двајца работници на организацијата. Но, во соопштението не се споменува кој можел да пука во автомобилот или кого точно повикуваат да ја почитува работата на хуманитарните организации.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Украинските власти подоцна објавија дека Русите пукале со артилерија врз камионот со помош, а европските лидери го осудија рускиот напад.

- Реклама -