Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вчера разговарал за „Планот за победа на Украина“.
Украинскиот претседател додаде дека планот вклучува неколку точки: воени, политички, дипломатски и економски.
„Неопходните чекори се јасно дефинирани и ќе ѝ овозможат на Украина најсилни позиции за постигнување мир – вистински и праведен мир“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Тој додаде: „Ништо невозможно не постои во овој план. Над 90 отсто од него е веќе изработен.“
„Следната недела ќе го претставиме нашиот План за победа на нашите сојузници. Благодарен сум на сите во светот кои стојат со Украина и ни помагаат да го одбраниме животот, напиша Зеленски.