Манаки ги претставува четирите филма кои се натпреваруваат во селекцијата за „Наградата на јадранската публика“, која вклучува филмови од земји со средни продукциски капацитети.
ИФФК „Браќа Манаки“ оваа година е член од јадранската група на фестивали која ги вклучува и фестивалите во: Сараево, Загреб, Херцег Нови, Љубљана, Тирана и фестивалот на авторски филм во Белград, каде се прикажани истите четири филма, а од вкупниот број на гласови на публиката се избира победникот.
Во прашање се филмови со реномиран квалитет, кои биле позитивно оценети од критиката и имале добар прием од публиката.
Во ТЕК уништен е домот на една мачка од голема поплава, па осаменото животно се засолнува на брод во кој има различни видови животни и ќе мора да се здружи со нив и покрај разликите. Гинтс Зилбалодис е кинематограферот, на филмот со латвиско-белгиско-француска копродукција, кој беше прикажан на Кан и награден на престижниот фестивал за анимирани филмови Анеси.
📽️ https://www.youtube.com/watch?v=g8PRKMiqet4
Во ХИПНОЗА Андре и Вера се млад пар претприемачи, кои добиваат можност да ја претстават својата апликација за женско здравје на еден престижен натпревар. Џонатан Бјерстед е кинематограферот на филмот продуциран од Шведска, Норвешка и Франција, кој беше прикажан на фестивалот во Чикаго и повеќекратно награден во Карлови Вари.
📽️ https://www.youtube.com/watchv=fwSwoe6uZ7o
Во ТРИ ДЕНА РИБА ќе ги погледнеме ги затегнатите односи помеѓу Гери и неговиот син Дик за време на нивната годишна тридневна средба во Ротердам. Грег Телуса е кинематограферот на белгиско-холандскиот филм, кој на Карлови Вари беше награден токму за носечките актерски улоги.
📽️ https://www.youtube.com/watch?v=SiiFclTEOSk
Во МЛЕКО неколку дена откако ќе роди мртвородено бебе, Робин почнува да добива млеко. Не сакајќи да го фрли, Робин донесува необична одлука да го донира своето млеко. Емо Веемхоф е кинематограферот на холандскиот филм кој беше прикажан на фестивалите во Венеција, пекинг и Солун.