10. Фестивал на европска литература „BOOKSTAR: The Metamorphosis “Која е следната етапа на метаморфозата?”

Фестивалот на европска литература „Букстар“ 2024 ќе се случува од 30.9 до 3.10 на повеќе локации во Скопје, во склоп на фестивалската програма ќе се одржи и втората fellowship-конвенција на издавачи под името „Publishing Europe“.

,,Во име на книжевноста, која пркоси на стандарди и норми, приказни кои проникнуваат уметност и порив за промени, „BOOKSTAR“ со ова свое јубилејно издание сака да поттикне промена која од страниците ќе се преслика директно во општеството, преку читателот” велат оргснизаторите.

И оваа година ќе нè посетат врвни автори коишто зборуваат за најразлични тематики. Тие обработуваат теми широкогради како општеството, но се нурнуваат и во човечката длабочина.

,,Oва е годината кога ги славиме промените и славиме многу јубилеи. Оддаваме почит на еден од култните европски писатели, Франц Кафка, во годината кога се прославува еден век од неговата смрт. Прочитајте, дојдете, видете, поразговарајте! Ова е поттик за мала метаморфоза во вашето секојдневие. Бидете дел од промената на културната сцена.Оваа година играме со зборовите, играме со литературата и играме со настаните. Како заокружување на овој јубилеј, имаме програма на незаборавни настани каде за секој посетител има по нешто” порачуваат организаторите.

- Реклама -