Литванија смета дека авионите на НАТО треба да ги соборуваат руските дронови над Балтикот

Литванскиот министер за одбрана Лауринас Касциниус изјави дека авионите на НАТО стационирани во балтичките земји треба да соборуваат руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја и соседите, откако руски дрон  минатата недела падна во Летонија.

Од влегувањето на трите балтички земји во НАТО во 2004 година, на нивното небо патролираат авиони на НАТО бидејќи тие немаат борбени авиони.

Мисијата на НАТО за надгледување на балтичкото небо „не само што треба да патролира, туку треба, доколку е потребно, доколку времето дозволува, да го скрати синџирот на одлучување на ниво на НАТО за авионите веднаш да полетаат и да ги уништат беспилотните летала“, изјави Касциунас.

Руски дрон „Шахед“ од иранско производство во саботата се урна во Летонија, но не експлодира.

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс во вторникот рече дека неговата земја разговара за ова прашање со сојузниците.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

-Го покренуваме прашањето за протоколот за пресретнување на беспилотни летала со нашите партнери во НАТО и бараме да се користат сојузнички борбени авиони штом беспилотно летало ќе се приближи до нашите граници, изјави Ринкевичс, оценувајќи дека проблемот се јавува, меѓу другото, затоа што авоните добиваат наредби од НАТО, а не од локално ниво, што ја забавува процедурата.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски претходно овој месец изјави дека Варшава треба да има право да соборува руски ракети кои се закануваат на нејзината територија додека се уште се над Украина.

Украина, исто така, побара од соседните земји-членки на НАТО да ги соборат руските ракети и беспилотни летала насочени кон нејзините западни региони.

- Реклама -