Ким Џонг Ун најави проширување на нуклеарниот арсенал

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Пјонгјанг ќе го зголеми својот арсенал на нуклеарно оружје, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Ким за време на говорот по повод денот на основањето на земјата рече дека залихите на Северна Кореја треба експоненцијално да се зголемат.

– Сега совршено ја спроведуваме политиката за изградба на нуклеарни вооружени сили за зголемување на бројот на нуклеарно оружје со геометриска прогресија, ја цитира КЦНА изјавата на Ким.

Тој ги обвини „непријателските“ сили дека сакаат да ја нападнат Северна Кореја со нуклеарно оружје, без да прецизира на кои земји мисли ниту да обезбеди докази, пренесе ДПА.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Северна Кореја моментално поседува околу 50 нуклеарни боеви глави, иако точниот број не е познат.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
- Реклама -