Столтенберг: Кина да престане да ја поддржува Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја повика Кина да престане да ја поддржува Русија во војната во Украина.

– Кина стана одлучувачки поддржувач на руската војна против Украина. Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува илегалната војна на Русија, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека Кина овозможува производство на голем дел од оружјето што го користи Русија.

Столтенберг го предупреди Пекинг дека континуираната ескалација на војната во Украина може негативно да влијае на интересите и угледот на Кина.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -