Сабаленка и Пегула финалистки на УС Опен


Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на УС Опен, откако изутринава ја победи Американската Еми Наваро со резултат 2:0 во сетови (6:3, 7:6) во меч кој траеше час и половина.

Сабаленка која е втора на ВТА листата, ја победи Наваро која е 12 та и втор пат по ред се пласираше во финалето на УС Опен. Минатата година таа во финалето беше поразена од Американката Коко Гоф.

Белоруската тенисерка во финалето ќе игра против Американската Џесика Пегула која ја победи Чехињата Каролина Мухова со 2:1 во сетови ( 1:6, 6:4, 6:2).

Пегула е шеста на ВТА листата, а со пласманот во финалето го направи нејзиниот најголем успех во кариерата.

- Реклама -