Фронтменот на групата
Аеросмит – Стивен Тајлер ќе појде на операција на неговото грло подоцна
оваа недела, но ги отфрла гласините дека е во борба да го задржи гласот.
Фронтменот на групата Аеросмит – Стивен Тајлер ќе појде на операција на неговото грло подоцна оваа недела, но ги отфрла гласините дека е во борба да го задржи гласот.
Се претпоставува дека познатиот рокер боледува од истегнати вокални жици и затоа ги откажал своите преостанати 12 концерти од турнејата низ Америка. Тајлер, кој го слави својот 58-ми роденден в недела, одбива да елаборира за неговото здравје, но признава дека би бил неспособен за пеење во период од 3 месеци по операцијата.
Неговиот портпарол деновиве изјави:
„И покрај желбата на Аеросмит да ги одржат претстоечките концерти на закажаните датуми, неговиот доктор го советуваше да не продолжи со настапите и да го одмори својот глас.“
Бендот сеуште нема планови да ги презакаже откажаните концертни датуми.