Педро Алмодовар, еден од најблескавите умови во модерната кинематографија, уште еднаш ја освои публиката на Венецискиот филмски фестивал, овој пат со премиерата на својот нов филм The Room Next Door. Шпанскиот режисер, познат по својата способност да истражува длабоките слоеви на човечката психа и потсвест, донесе уште еден филм кој остави траен впечаток и ја одушеви публиката. Неговата способност да создава приказни исполнети со психолошки трилери, надреални елементи и сложени односи, го стави Алмодовар на исто ниво со мајсторот на мистеријата, Алфред Хичкок.