СДСМ: Силјановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните

После претседателката Гордана Силјановска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност.

Ова значи дека и Силјановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата.

Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба.

Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно  не се ништо друго освен сценирање, заплашување  и манипулација со чувствата на граѓаните.

За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните!

Прочитајте и:  Митева: МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

Ова секако не го исклучува од одговорност, за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување.

СДСМ

- Реклама -