Најмалку 41 лице загина, а 180 се ранети во рускиот напад врз Полтава, град во централна Украина, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски.
-Според моментално достапните информации, две балистички проектили ја погодија областа во близина на образовна институција и болница. Луѓето се под урнатините, рече Зеленски на мрежата Х.
Тој изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.
-Наредив целосна и брза истрага за сите околности за тоа што се случи. Сите служби беа вклучени во спасувачката операција, додаде тој.