Кулеба бара сојузниците да одобрат украински напади длабоко на руска територија: „Украина е принудена да се бори со врзани раце“

Откако руските сили денеска извршија ракетен напад врз Киев, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика денеска сојузниците на Украина да ги одобрат украинските напади длабоко во руската територија.

„Во одбрана од оваа варварска воена машина, Украина е принудена да се бори со врзани раце. Зарем тоа не е апсурдно“, праша Кулеба на својот профил на Икс.

Тој додаде дека Русија денеска истрелала севернокорејски ракети кон Киев и ги повика азиските партнери да го разгледаат зголемување на воената помош за Украина.

Прочитајте и:  Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата
- Реклама -