Град Скопје: Јавниот превоз функционира нормално и покрај притисоците од ВМРО-ДПМНЕ, за жал дел од медиумите наседнаа

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспроти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје, велат од Град Скопје.

„За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани.

Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски“, се вели во соопштението.

Град Скопје, воедно, им посака и успешна и безгрижна учебна година на сите ученици.

Прочитајте и:  Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси
- Реклама -