Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка, кој еруптираше во текот на ноќта, исфрли облак од пепел во висина од околу осум километри, соопшти денеска локалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.
„Пепелта се шири кон североисток, во правец на заливот Озерни, но на патот на нејзиното ширење нема населени места“, се наведува во извештајот.
Спасувачите предупредуваат дека ако се промени правецот на ветрот, мала количина пепел може да ги засегне селата Уст-Камчатски, Карагински, Пенжински и Олуторски округ.