Амбасадата на САД во Косово го осуди упадот на полицијата во српските општини: Акцијата не е координирана со меѓународната заедница

Министерот за локална самоуправа во косовската Влада, Елберт Красниќи објави дека се затворени пет паралелни општини, односно дека веќе нема да функционираат паралелните општини Округ Косовска Митровица, паралелната општина Митровица, како и општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ

Косовската полиција денеска спровела акција за затворање на објекти користени од паралелни структури управувани од властите во Србија во косовските општините на северот од земјата, населен со мнозинско српско населени, соопштија косовските медиуми.

Илустрација / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за локална самоуправа во косовската Влада, Елберт Красниќи објави дека се затворени пет паралелни општини, односно дека веќе нема да функционираат паралелните општини Округ Косовска Митровица, паралелната општина Митровица, како и општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

„Денеска, по блиска координација меѓу институциите на Република Косово, затворени се паралелните нелегални институции на локалната самоуправа, кои работеа по директиви на Србија, кршејќи ја уставноста и законите на Република Косово“,

рече тој.

Амбасадата на САД во Косово излезе со соопштение по рацијата на косовската полиција во српските општини посочувајќи дека ја изразува својата загриженост и разочарување поради континуираните некоординирани активности преземени од Владата на Косово кои продолжуваат да имаат директен и негативен ефект врз припадниците на српската заедница и другите малцински заедници во Косово.

„Оваа акција не е координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница“,

се вели во соопштението на амбасадата на САД на Косово.

Оттаму велат дека САД и меѓународните партнери постојано бараат од Владата на Косово да и даде приоритет на координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија за прашања кои се на агендата на Дијалогот со посредство на ЕУ.

„Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања го одразува вистинското и растечко влошување на нашето партнерство. Како што забележавме претходно, некоординираните акции на Владата на Косово ги ставаат косовските граѓани и војниците на КФОР во поголем ризик, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер“,

соопшти амбасадата на САД во Косово.

Според српските емедиуми, косовската полиција извршила упад во болничкиот комплекс КБЦ во Косовска Митровица, како и во зградата во Косовска Митровица каде се наоѓа Пио фондот, просториите на Канцеларијата за Министерството за надворешни работи, Управниот округ Косово-Митровица и Центарот за социјални работи.

- Реклама -