Македонија во младинскиот ракомет е на 18-тото место во Европа


Европската куќа на ракометот ЕХФ ја објави листата на младинскиот ракомет за 2024 година во која македонскиот ракомет се наоѓа во горниот дел на рангирањето.

Во рангирањето во кое поените се составени од машките и женските селекции заедно, Македонија се наоѓа на 18-тото место во Европа. Мажите се на 13-тото место, дамите се на 19-тото место.

На првото место на ранкингот е Унгарија пред Германија, Шведска, Шпанија и Франција.

- Реклама -