(ВИДЕО) Во тајфун во Јапонија загинаа четири лица, најмалку 96 се повредени

Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападен јапонски голем стров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд

Тајфунот Шаншан ја погоди Јапонија, Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Жителите на Јапонија беа повикани да бидат внимателни денеска бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а повредени се најмалку 96 лица, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.

Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во Јапонија.

Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападен јапонски голем стров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд.

Следеа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.

Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи.

Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави НХК.

- Реклама -