Град Скопје: Изречена казна за исфрлање опасен отпад и загрозување на животната средина во Бутел, апел до Владата да реагираат на пријавите

Инспекторатот за животна средина на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрече казна за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, а поднесе и соодветна пријава за кривична одговорност против сторителот кој е затекнат како исфрла азбестни плочи и друг градежен отпад.

– Не сакаме да веруваме дека се работи за политички инструирана операција за нагрдување на градот и доведување во опасност на животот и здравјето на скопјани, во која вчеравечер во општина Бутел беа затекнати лица како истураат неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, велат од Град Скопје.

Од локалната самоуправа потенцираат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции коишто во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат.

Прочитајте и:  Скопје со редуциран јавен превоз, партиите со предлози и барање за оставка на градоначалничката Арсовска

Но, како што велат, досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат на никаков начин.

Од викендот до денес, комуналните инспектори и инспекторите за животна средина на градот Скопје имаат изречено над 30 казни.

– Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапат сериозно, и да реагираат на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад кое е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, апелираат од Град Скопје.

- Реклама -