Непотизам во ЕП: Мецола го именува својот зет за шеф на кабинет

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола го именува својот зет Метју Табоне за шеф на кабинет.

Табоне во ЕП работи од 2013 година, а сега ја презема функцијата од Летиција Зулета Де Реалес Ансалдо, која е именувана за директорка за односи со националните парламенти во ЕП.

Табоне со години е близок соработник на Мецола, а се ожени со нејзината сестра во 2015 година.

Европратеникот од Малта Алекс Агиус Салиба од Лабуристичката партија на Фејсбук објави дека именувањето на Табоне е „поттикнувачки непотизам“.

Замислете јас или претставник (на Лабуристичката партија) да именува член на семејството на највисоката позиција во мојата канцеларија, напиша Агиус Салиба.

Прочитајте и:  Борел: Со новиот анти-ЛГБТ+ закон Грузија се оддалечува од патот кон ЕУ
- Реклама -