Прво државно квиз првенство на Македонија

По нешто повеќе од три месеци пауза по одржаното Светско првенство и крајот на изминатата квиз сезона, Македонската квиз асоцијација го најавува првото државно квиз првенство на Македонија со кое ќе биде означен почетокот на сезоната 2024/25.

Настанот ќе се одржи на 15 септември во просториите на Лабораториум почнувајќи од 11 часот. По завршување на натпреварувачкиот дел, ќе се одржи и годишното собрание на МКА.

Првенството се состои од два настани, поединечно првенство на Македонија и првенство на Македонија во двојки.

Настанот во поединечна конкуренција ќе биде во истиот формат како и досегашните мастерси, односно ќе се состои од 8 теми по 25 прашања, кои се поделени во два дела од по 4 теми, односно по 100 прашања во секој дел. Времето за решавање на секој од деловите е еден час. Автор на квизот е искусниот Небојша Ангелов зад кого се голем број квизови во организација на МКА.

Квизот во двојки се состои од вкупно 200 прашања кои ќе бидат распоредени во три дела. Првите два дела се состојат од по 80 прашања и времето за решавање за нив е 45 минути, а по нивното прегледување, најдобрите парови учествуваат во третиот финален дел кој се состои од 40 прашања и се решава 30 минути.

Поените од трите дела се собираат, со тоа што поените освоени во финалната рунда вредат по двојно. Автор на овој квиз е иднината на македонската квиз сцена Жан Павлов.

Поединечната котизација за секој од квизовите изнесува 200 денари по човек, додека за учесниците кои се пријавени на двата квизови ќе ги чини 300 денари. Котизацијата можете да ја уплатите во живо на денот на одржување на првенството или на жиро сметката на МКА.

Пријавувањето можете да го направите на следниот линк: https://forms.gle/XExzrP6BAuutqbxD7

- Реклама -