Фудбалерот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо ја објави својата намера да постигне 1.000 голови во кариерата.
Тој смета дека целта може да ја достигне на околу 41 година.
– Сакам да стигнам до границата од 1.000 голови. Ако немам никакви повреди, тоа ми е најважно, тоа го сакам. За мене најдобрата оценка што можам да ја постигнам во фудбалот е првично да стигнам до 900 гола. После тоа целта ми е да стигнам до бројката од 1000 голови.
Сите голови што ги постигнав се документирани на видео. Видете, ги почитувам сите претходни врвни стрелци како (Пеле и Ди Стефано). И ако сакам повеќе голови, можам уште во овој момент броејќи ги тие на тренинзите. И ќе им докажам на луѓето подоцна. Тие претпочитаат овој или оној играч, да го нарекуваат најдобар. Не ми е грижа, рече Роналдо во новото видео на неговиот канал на Јутјуб.
Триесет и деветгодишниот Португалец во моментов има 899 постигнати голови во неговата сениорска кариера за клуб и репрезентација.