Од четврток попладне прекин во работењето на дел од системите на УЈП, можно е да не функционира и „Мој ДДВ“

Прекините во работењето на системите и на апликација, како што велат од УЈП, се поради нивна надградба

Од четврток попладне системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

И кај апликацијата „Мој ДДВ“, додаваат од УЈП, можни се прекини во работењето.

Прекините во работењето на системите и на апликација, како што велат од УЈП, се поради нивна надградба.

„Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период се можни и прекини во работењето на апликацијата ’Мој ДДВ’. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира“,

се вели во информацијата од УЈП.

Оттаму апелираат до сите корисници на овие системи навреме да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин. 

- Реклама -