Најсексапилната жена ја откри тајната на совршениот изглед, една работа строго избегнува

Американскиот модел и актерка Кејт Аптон во неодамнешното интервју за „Фокс њуз“ ги откри малите тајни на нејзината совршена фигура.

Кејт, која пред неколку години беше симбол на убавината, истакна дека тајната е во напорниот тренинг и урамнотежената исхрана.

Во таа прилика таа откри дека никогаш, ама баш никогаш не го практикува методот на „броење калории“ за да ја одржи совршената фигура.

„Важно е како се чувствувате внатре, бидејќи тоа надвор е одраз на вашата внатрешна состојба. Исто така, не верувам во методот „броење калории“. Верувам во квалитетни состојки, кои на телото му даваат најдобро гориво. За мене, токму тоа е храна – гориво. Сè што внесувате во вашето тело, сето тоа ќе ви се врати. Значи, ако барате повеќе енергија или повеќе сила – треба да знаете што точно јадете, не броејќи ги калориите“, рече таа.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Кејт откри и кои се нејзините омилени јадења.

„Важно е да останете упорни за време на вашето патување. Секогаш јадам органска храна и зеленчукот се голем дел од мојата исхрана…исто така, сакам храна богата со протеини. Откако ќе го детоксирате вашето тело од конзерванси и рафиниран шеќер – вашето тело само ќе ви каже што му треба за нормално функционирање“, заклучила таа.

Да потсетиме, Кејт започна вистинска лавина од позитивни реакции кога кон средината на мај се појави на насловната страница на магазинот „Sports Illustrated in awe“ во црвено бикини.

- Реклама -