Самостојна изложба на Стефан Младеновски „Еве го човекот“

Како последен настан од Гига Фест 2024, на 30 септември во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Стефан Младеновски „Еве го човекот“.

Изложбата се состои од 50 дела на хартија создадени во последните две години и претставуваат заокружување на еден тематски циклус.

Делата ќе бидат изложени во Уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Настанот ќе биде збогатен со музичкиот перформанс на гитаристите Ади Имери и Александар Бошков.

Стефан Младеновски е роден 1996г. во Крива Паланка. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2020) оддел графика со насока конзервација и реставрација во класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Магистрирал на истиот факултет (2022) под менторство на проф. м-р Мирко Вујисиќ, област графика. Член е на ДЛУМ од 2020 г.Има реализирано 10 самостојни изложби и бројни групни изложби во земјава и странство.Наградии признанија: 2018 – Скопје, Студентска награда за графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ на Факултетот за ликовни уметности. 2021 – Битола, Специјална награда за развој на современата графичка уметност на „10. Меѓународно графичко триенале Битола“.2022 – Скопје, Награда за графика на „Годишната изложба“ на ДЛУМ.2023 – Скопје, Награда „Константин Мазев – Коце“ на изложбата „Ликовно творештво мал формат“ од Културно информативен центар.- Скопје, Почесна диплома на 6. Меѓународна Ex Libris изложба Скопје 2023 година.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Ади Имери е мултиинструменталист, композитор и продуцент. Во својата 20-годишна, активна кариера има соработувано со безброј артисти и бендови од кои најактивно соработува со „Некст ту сајленс“ (Next to Silence), „Фулиш грин“ (Foolish Green) и „Пич вајс“ (Peach Vice).

Александар Бошков, дипломира на катедрата за џез при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Редовно настапува во различни постави во државата и надвор. Талениран музичар со отворен ум кон различни музички правци. Учествува во многу проекти (Александар Бошков трио/квартет, Cobalt Code Unit, трио Бошков / Мирческа / Теодосиев), а има и соработки со изведувачи во сферата на електронската музика (Starchild со Yudhishtira).

- Реклама -