ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска Стојчевска за едно патување во Лондон троши повеќе од 700 фунти за лични потреби

Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета.

За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела.

Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти.  Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така  потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично.

Прочитајте и:  Антикорупциска иницира постапка против Костадиновска Стојчевска за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби.

Ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец.

Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат.

Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета.

Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета.

А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -