Отворена изложбата „Со љубов од Битола”,

Отворено e 12-тото издание на изложбата „Со љубов од Битола”, во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола.

„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано ова 12-то издание на изложбата.

Оваа година изложбата се состои 26 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше „Модерните архитектонски симболи.

„Веќе 12 години со овој проект ја раскажуваме приказната за Битола, досега сме имале 12 различни теми. 11 години ја фотографираме старата архитектура на Битола и животот на нејзините улици. Оваа година разговарајки на фотографската колонија увидовме дека кога го гледате фотографскиот фонд на браќата Манаки сфаќате дека многу објекти од нивното време останале недокументирани заради тоа што тие објекти во тоа време се сметале за секојдневие бидејќи биле “модерни“. И рековме оваа година наша задача ќе биде модерната архитектура на Битола“ – потенцираше координаторот на проектот и претседател на Центарот за европски развој и итеграција – Диоген Хаџи-Коста Милевски.

Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектира 23 фотографии кои се дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектира најдобрите 3 фотографии кои ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои добија пофалница.

„Ако оскарите имаат категорија за фотографија со ваква фела и со ваква екипа која што ни доаѓа на оваа изложба ние можеме комотно да се пофалиме дека Битола има своја манифестација која ги почитува фотографите и која што мотивира младите фотографи кои што сега почнуваат со оваа уметност будно да следат и да ги ловат уметничките моменти на она што е веќе дел од нас а тоа е нашата преубава Битола“ – истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.

Пофалници за посебен квалитет на фотографиите добија Дамијана Ристевска и Давид Козаров а пофалниците им ги додели координаторот на проектот при што истакна дека оваа година од 5 доделени признанија 4 од добитниците се на возраст под 20 години што зборува дека се повеќе фотографијата станува уметнички медиум за изразување на младите8.

Третат награда ја доби Михаела Велјановска за нејзината фотографија од комплексот згради Стара Болнициа во пресек со комплексот Пелагона 2 а наградата и ја додели Маја Андоновска – Илијевски како пртставник на институциијата домаќин на изложбата.

Втората награда ја доби Константин Солак за неговата фотографија од Хотел Епинал – Наградата му ја додели Антонио Поповски претставникот од Сава пензиско друштво а.д. Скопје кој истакна дека Сава пензиско друштво како општествено одговорна компанија поддржува и ќе продолжи да поддржува вакви настани со кои се унапредува урбаната култура на територијата на целата држава и им се заблагодари на сите учесници за прекрасните фотографии со кои учествуваа на конкурсот и изложбата.

Првата награда ја доби Дамјан Гугучевски за неговата фотографија на ОУ Ѓорѓи Сугарев, а наградата му ја додели Градоначалникот на Битола д.р. Тони Кољановски кој во оваа прилика истакна дека Оштина Битола преку поддршката на ваквите проекти создава можности за сите млади уметници од градот и ги повика активно да се вклучат и во други вакви проекти преку и кои заеднички ќе продолжи да се гради и унапредува епитетот – град на културата – кој го носи Битола.

Сите љубители на фотографијата ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 22.08.2024 до 05.09.2024 во периодот на работно време на НУ Центар за култура Битола.

- Реклама -