Заврши 30-тото издание на Сараевскиот Филмски Фестивал, за најдобар филм е прогласен „Три километри до крајот на светот“

Со церемонијата на доделување завршен 30 ото издание на Сараевски филмски фестивал, на кој беа прикажани повеќе од 250 филмови од целиот свет

Филмот ,,Три километри до крајот на светот” на Емануел Парву од Романија, ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм на 30 тиот Сараевски филмски фестивал.

Вечеравечер во Народниот театар беа доделени наградите „Срцето на Сараево“ на најдобрите режисери, актери и актерки и екипа од играни, документарни, студентски и кратки филмови.

Специјалната награда на жирито му припадна на филмот ,,Она што го бараме од статуата е да не се движи” од Дафне Херетакис. Најдобар краток филм е „Одустан“ на Џем Демирер, а „Срце Сараево“ за најдобар студентски филм е ,,Мирисот на свежа боја” на авторката Наѓа Петровиќ.

Наградата за човекови права ја доби филмот ,,Твојот живот без мене” на Ана Руби, додека Специјалната награда за промоција на родовата еднаквост ја доби Маја Доротеја Прелог за филмот ,,Cent’anni”.

Филмот за еколошка свест финансиран од УНДП го доби филмот ,,Небо над Зеница” во режија на Златко Прањиќ и Нана Френк Мулер.

Со церемонијата на доделување беше завршен 30 тиот Сараевски филмски фестивал, на кој беа прикажани повеќе од 250 филмови од целиот свет.

- Реклама -