Втор американски носач на авиони пристигна на Блиски Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ опремен со борбени авиони Ф-35Ц и Ф/A-18 Блок Три, пристигна на Блиски Исток, соопшти американската Централна команда за Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ).

Сега во регионот има два американски носачи на авиони.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 11 август нареди да за забрза префрлањето на „УСС Абрахам Линколн“ на Блиски Исток, а една недела претходно издаде наредба за испраќање на бродови и разорувачи.

Тензиите во регионот се зголемија по израелскиот атентат врз врховниот командант на Хезболах, Фауд Шукри во Бејрут и убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран.

Прочитајте и:  Тајванската компанија негира дека правела пејџери користени во нападите во Либан
- Реклама -