Петрушевски: Единствено виновен за бегството на Рамадани е судијата Пајазити, кој е под заштита на СДС и ДУИ

До кога СДС ќе го штити судијата Пајазит Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка? Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка, изјави денеска на прес-конференција во партиското седиште пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството. СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија, рече Петрушевски.

СДСМ, како што наведе, „расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите зарвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

– Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел? Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните, изјави Петрушевски.

- Реклама -