Русија: Потопен е брод што превезувал гориво

Пожар денеска избувна во пристаништето Кавказ во јужна Русија, откако Украина гаѓаше брод што превезувал гориво, соопштија локалните власти.

Бродот претрпел големи оштетувања и на крајот потонал, а на местото е испратен и воз за гасење пожари, пренесе Бета повикувајќи се на Радио Слободна Европа.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.

Локалните власти го осудија нападот.

Прочитајте и:  Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната
- Реклама -