Мицкоски: Владината коалиција функционира беспрекорно

Владината коалиција функционира беспрекорно и амбиентот внатре е конструктивен, вели премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните препукувања меѓу владините партнери ЗНАМ и ВЛЕН.

Според Мицкоски, логично е да има различни ставови по некои прашања, но важно е секогаш да се наоѓа решение.

Важно е, вели Мицкоски, да се напомене дека оваа Влада има поддршка од повеќе од две третини од пратениците во Парламентот и тоа, според него, е важно затоа што граѓаните очекуваат резултати.

– Инаку, опозицијата ќе се обидува да создава таков тип на пораки во јавноста, но состојбата е многу конструктивна и без исклучок сите кои се дел од владината коалиција на дневна основа се трудат да направат нешто добро за државата и граѓаните, што е многу важно, рече Мицкоски по денешното поставување на камен темелник на спортска сала во населено место Огњанци, во општина Петровец.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството
- Реклама -