Погребот на Делон в сабота на неговиот имот

A man stands in front of the entrance of the property of late French actor Alain Delon La Brulerie, with tribute flowers set on and next to the gate, in Douchy, central France, on August 18, 2024. French film legend Alain Delon died at the age of 88, his three children told AFP in a statement on August 18, 2024, following a battle with ill health. (Photo by Guillaume Souvant / AFP)


Погребот на иконата на француската кинематографија Ален Делон, кој почина во неделата на 88-годишна возраст, ќе се одржи во сабота на неговиот имот, пишува агенцијата France Presse.

Погребот на актерот, кој по неговата смрт беше чествуван од целиот свет, од Италија до Јапонија, е закажан за 17 часот во Души-Монкорбон, мало гратче во централна Франција каде го мина последниот дел од својот живот и каде почина, јавуваат француските медиуми CNews и BFMTV.

Церемонијата ќе ја предводи монсињор Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен епископ на Гап кој лично се познаваше Делон.

Актерот сакал да биде погребан на својот имот, во близина на неговите кучиња, за што морал да добие дозвола од властите. Побарал и збогувањето да се одржи во присуство на само неколку десетина членови на семејството, без национални почести.

Ценет ширум светот, актерот од „Леопард“ и „Самурај“ е легенда во историјата на кинематографијата, но и личност која ја подели јавноста поради неговите реакционерни ставови, егото и мачизмот, пишува France Presse.

Неговата смрт го заврши поглавјето на француската кинематографија од 1960 до 1980 година.

Делон почина по повеќето негови најдобри пријатели и најдраги соработници, како што се актерите Жан Габeн, Линo Вентура и Роми Шнајдер и италијанските режисери Лукино Висконти и Микеланџело Антониони.

- Реклама -