Дводневна работилница за калиграфија

На работилницата учесниците ќе имаат можност да ги научат основите на убавото и стилско пишување. Наменета е за почетници без никакво искуство во пишување, за деца, млади и возрасни.

Работилницата ќе ја води Ангела Ајтовска, магистер по калиграфија.
Ангела Ајтовска е графички дизајнер, сликарка и калиграфка со богато искуство во повеќе уметнички дисциплини. Од мала возраст култивира љубов кон уметноста, музиката и јазиците, а со тоа и амбиција за професија во тие области. Шест години членува во Школата за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, каде што под менторство Александра Димитрова зема учество во бројни изложби, колонии и перформанси.
Под менторство на Лара и Васко Ташковси успешно се запишува на студија во Националната ликовна академија во Софија, каде што изучува бројни предмети од чистата и применетата уметност. Дипломира во септември 2022ра год. на смер „Плакат и визуелна комуникација“ со збирката на калиграфски плакати „Тера инкогнита“.
Продолжува да ја следи својата страст кон буквите на магистерскиот смер „Калиграфија“ во истата академија. Преку бројни вежби, гледање на живи примери и истражувачка дејност се здобива со широко знаење во областа на уметничкото пишување букви и тоа на латиница, кирилица и глаголица . Магистрира во февруари 2024та год. со збирката калиграфии „Калингвистика“ – звање Калиграф и графички дизајнер.

За работилницата за готика:
Готиката како стил на букви се користи насекаде – од официјални документи до музички плакати и корици на албуми. Најчесто ја асоцираме со латиницата, но и во својата кирлична форма таа плени поглед со својата уникатност.

Под менторство на Ангела Ајтовска, дипломиран м-р. по калиграфија ќе научите како да пишувате мали букви со готика и како да создадете ритам и композиција, при тоа забавувајќи се. Ќе пишуваме со четка на хартија за време на 4 астрономски часови – 2 во сабота и 2 во недела. На крајот ќе изработиме крајни дела со кои ќе можете да се пофалите со нова умешност и знаење.

Динамика на работата
Денови: сабота и недела, 5-ти и 6-ти октомвти 2024
Време: сабота од 18-20ч и недела од 11-13ч
Цената за двата дена е 1200 ден., со вклучени четка, хартија и мастило.
Пријавете се со пополнување на оваа пријава https://docs.google.com/…/1ovGYAwr1HJViOX7Wkr9…/viewform 

- Реклама -