Димитриевски сака да поентира за да добие политичка поддршка, вели Таравари

Го посетувам дека пред три години тој беше избран со огромен број на албански гласачи, а следна година следуваат нови избори па најверојатно ќе му требаат тие гласачи, рече министерот за здравство кој доаѓа од редовите на „Вреди“

Министерот за здравство Арбен Таравари изјавата на неговиот коалиционен партнер – претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во која тој рече дека е погрешно „Вреди“ да ги имитира ДУИ, ја нарече обид за поентирање за да се добие политичка поддршка.

На изјавата на Таравари му претходеше партиското соопштение од коалцијата „Вреди“ во кое се вели дека дека тезата која лидерот на ЗНАМ ја соопшти во однос на тоа дека коалициски партнер на ЗНАМ е само ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам и оти гласовите кои коалицијата ги добила од граѓаните на минатите избори не можат да се обезличуваат.

„Нивото на кое комуницира г-динот Димитриевски не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам околу тоа. Го потсетувам дека пред три години беше избран со огромен број албански гласачи, следната година доаѓаат нови локални избори па најверојатно повторно ќе му требаат тие гласачи“,

рече Таравари.

Меѓусебните „напади“ на партнерите во Владата, „Вреди“ и ЗНАМ зачестија по употребата на албанското знаме во просториите на Владата од страна на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, како и за новиот начин на користење на алатката балансер. Последно во низата беше изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој вчера кажа дека Демократската унија за интеграции е веќе видена работа и минато, и затоа мисли дека е погрешно коалицијата „Вреди“ да ја имитира ДУИ, додека пак утринава од „Вреди“ му вратија оти тезата која лидерот на ЗНАМ ја соопшти во однос на тоа дека коалициски партнер на ЗНАМ е само ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам и оти гласовите кои коалицијата ги добила од граѓаните на минатите избори не можат да се обезличуваат

- Реклама -