Триесеттата година од животот (видео)

годинаДали се сеќавате што правевте пред точно една година? Аниматорот Цезар Куријама се сеќава бидејќи секој ден снимал по една секунда. Кусите клипови – кои започнал да ги прави на неговиот 30-ти роденден – биле составени во едно шест минутно видео. 

Куријама вели дека е многу задоволен од клиповите, кои опфаќаат сè – од важни настани до баналноста на секојдневниот живот – што планира да прави по едно вакво видео секоја година додека е жив. Тој додал дека проектот го охрабрил да направи нешто повеќе во својот живот бидејќи здодевните денови ќе се одразат врз видеото.

{vimeo}37792362{/vimeo}
На Vimeo тој напишал: „Ќе снимам по една секунда секој ден додека сум жив… Ова е мојата 30-та година. Две години штедев за да можам да ја поминам мојата триесетта година без да работам… Оваа година ја поминав правејќи ги сите важни работи за кои никогаш немав време… патување, моите креативни проекти и фамилијата.“

- Реклама -