Моќните жени на Манаки -Елен Лотман

Од серијалот Моќните жени на Манаки, фестивалот ја преставува Елен Лотман, естонска кинематограферка, сценаристка и режисерка, која има работено на кратки и долги играни и документарни филмови, снимени ширум светот: во Јапонија, Тибет, Кина, Тајланд, Индија, Никарагва, Костарика, Лапонија и на Арктикот.

Дипломира на аудиовизуелните студии на Педагошкиот факултет во Талин и го брани докторатот на тема „Искуствена хеуристика во фотографијата на играните филмови“, во 2021 година.

Лотман има предавано во Средното уметничко училиште во Тарту и на Балтичкото училиште за филм и медиуми при Универзитетот во Талин.

Таа е копретседател на Европската федерација на кинематографери IMAGO, откако беше член на одборот на IMAGO, и копретседател на Комитетот за диверзитет и инклузивност.

- Реклама -