Токсичниот однос меѓу проблематичните ѕвезди и бескрупулозните лекари


Трагичната смрт на актерот Метју Пери од телевизиската хит-серија „Пријатели“ ја истакна мистериозната и токсичн а врска меѓу проблематичните познати личности и лекарите кои ги лекуваат нивните зависности.

Пери, кој имаше долга историја на зависност, минатата година беше пронајден мртов во кадата за хидромасажа во неговиот луксузен дом во Лос Анџелес со исклучително високи нивоа на кетамин во неговиот систем.

Актерската ѕвезда стана зависник додека се лекуваше од депресија и се обрати за помош кон бескрупулозните лекари кога легалните извори одбија да му ја зголемат дозата, соопшти американската Администрација за борба против дрога.

Пет лица, меѓу кои и двајца лекари, се обвинети дека го снабдувале Пери со кетамин, моќниот седатив што ја предизвикал неговата смрт. Обвиненијата против лекарот Салвадор Пласенсија, кој тврди дека е невин, и Марк Чавез, кој се согласил да се изјасни за виновен за дистрибуција на кетамин, морничаво потсетува на другите слични случаи на познати личности.

Конрад Мареј, лекарот на Мајкл Џексон, беше осуден во 2011 година за убиство од небрежност затоа што на пејачот му вбризгувала смртоносна доза моќен анестетик. Трагичната смрт на иконите на популарната култура од Елвис Присли и Мерлин Монро до Принс и Том Пети се поврзани со фатални количества од супстанции кои им ги давале медицинските работници.

„Кога станува збор за познати личности, правилата не се почитуваат, а тоа води кон трагедии постојано“, вели Хари Нелсон, истакнат адвокат од Лос Анџелес, кој е специјализиран за такви случаи.

Финансиската добивка често е клучниот мотив. Пласенсија наводно му продавал шишенца со лекови кои вообичаено чинеле 12 долари на Пери за дури 2.000 долари. Пред тоа му испратил порака на Чавез: „Се прашувам колку ќе плати овој кретен… Ајде да дознаеме“.

Адвокатот Нелсон, кој лично бил вклучен во повеќе од десетина „трагедии од насловните страници“ во кои се вмешани познати актери, рок ѕвезди и спортисти, вели дека целосната слика е често покомплицирана.

Познатите личности имаат вистинска потреба за приватност. Да одат на лекар за да добијат рецепт, а потоа во аптека за да набават лекови им е тешко, бидејќи често ги бркаат папараците. Од друга страна, лекарите можат брзо да бидат одушевени во близината на светски познатите ѕвезди, а за да „останат во нивната милост и да продолжат да ја имаат таа привилегирана улога“, почнуваат да го прават она што го сакаат славните.

„Но, тоа е стапица. Тоа е стапица и за славниот пациент и за докторот“, додаде тој.
Употребата на кетамин како „дрога за забави“ поради неговите халуцинаторни ефекти експлодираше пред околу триесет години.

„Забавите со кетамин“ што се одржуваа во приватни домови низ Лос Анџелес честопати присуствуваа големи ѕвезди, вели Нелсон. „Имаше неколку лекари во Лос Анџелес кои ќе ги организира овие, буквално, забави на кои на учесниците добиваа инфузии со кетамин“, додава.

Лекарската комисија жестоко постапи со овие лекари, дисциплински ги казнуваше и им ги одзеде дозволите за работа.

Денес, лекот се користи за легитимно лекување на депресија и ПТСН.

Јужна Калифорнија стана центар за приватни клиники за рехабилитација кои нудат апсолутна приватност – со екстравагантни надоместоци – на познатите личности и ултра богатите, вели Нелсон.

Чавез, на пример, водел клиника за кетамин.

Овој лек, сепак, може да предизвика сериозни несакани ефекти, вклучувајќи губење на свеста и проблеми со дишењето, и треба да се користи само под надзор на лекар, а пациентите треба внимателно да се следат.

Пласенсија му продал шишиња со кетамин на асистентот на Пери за 6.000 долари во готовина, сретнувајќи се со него во глуво доба од ноќта на улица само неколку седмици пред смртта на актерот, се наведува во обвинението.

„Идејата да му се дозволи некому а зема кетамин во домаш ни услови и да влезе во хдиромасажна када под влијание (на леко) е криминална, неодговорна“, смета Нелсон.

- Реклама -