Тошковски е позитивен на ковид-19

„Ве информирам дека утрово во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ по извршеното тестирање за ковид-19, резултатите кои ги добив се позитивни“, објави министерот за внатрешни работи на Фејсбук

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска преку објава на социјалните мрежи информираше дека е позитивен на ковид-19.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски / Фото: МВР

Поради ова, како што напиша министерот на Фејсбук, оваа работна недела обврските ќе ги извршува од дома додека не исчезнат симптомите.

„Ве информирам дека утрово во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, по извршеното тестирање за ковид-19, резултатите кои ги добив се позитивни. Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, сè до исчезнување на симптомите“,

објави министерот за внатрешни работи.

- Реклама -