16
Хематуријата или присуството на крв во урината, што значи повеќе од два еритроцити по видно поле при микроскопско испитување на седиментот на урината, може да биде показател за различни здравствени проблеми.
Хематуријата може да биде макроскопска – видлива со голо око како кафеаво-црвена боја на урина, а микроскопска, како што кажува самиот збор, видлива преку микроскопски преглед.
Можни причини
Причините за присуство на крв во урината се многубројни и може да се јават кај разни болести. Најчесто се наоѓа во:
* Инфекција на уринарниот тракт која може да се потврди или исклучи со микроскопски преглед и уринокултура
* Присуство на камења во уринарниот тракт
* Кај малигните заболувања, особено ако е константно, прв симптом е туморот на мочниот меур и бубрезите
* Бубрежни заболувања, како што се вродени или стекнати аномалии, гломерулонефритис
* Оштетување на бубрезите, мочниот меур и уретрата
* При бенигно зголемување на простатата
* Хематолошки заболувања, како што се нарушувања на коагулацијата на крвта, ниски тромбоцити
Дијагноза
Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата (времетраење на хематурија, дали се појавила порано, симптоми), лабораториски анализи и клинички преглед.
Третман
Третманот за присуство на крв во урината зависи од основната причина. Иако хематуријата може да биде предизвикана од релативно безопасна состојба, таа исто така може да укаже на појава на сериозна болест.
Затоа е исклучително важно веднаш да се јавите кај вашиот лекар откако ќе забележите промена во бојата на урината.