Гугл го претстави најновото издание на нивната алатка со вештачка интелигенција за генерирање слики Imagen 3, која поставува нови стандарди.
Imagen 3 е подобар од претходните верзии и од другите водечки модели како DALL·E 3 и Midjourney v6, особено во усогласувањето на сликите со дадените инструкции и справувањето со комплексни детали.
Imagen 3 е најнапредниот модел на Google DeepMind за генерирање слики од текст, кој нуди подобрен квалитет на сликите со побогато осветлување, повисока резолуција и намалени визуелни дефекти. Овој модел е дизајниран за да разбира природен јазик, овозможувајќи лесно создавање на различни визуелни стилови, од фотореализам до уметнички текстури. Imagen 3 е достапен во повеќе верзии оптимизирани за различни задачи и се користи преку платформи како ImageFX и Vertex AI.
Дополнително, Imagen 3 вклучува напредни безбедносни технологии, како што е алатката SynthID, која овозможува невидливо обележување на сликите за нивно идентификување, без да се наруши нивниот визуелен квалитет. Ова го прави моделот многу погоден за професионални и креативни апликации, како што се создавање на стилизирани визуелизации за презентации, честитки и слично.
Моделот исто така ќе биде надграден со нови функции, како inpainting и outpainting, кои овозможуваат дополнително уредување на сликите. Google планира да ја прошири достапноста на Imagen 3 во различни производи, вклучувајќи ги апликациите Gemini, Workspace, Ads и други.
Ова го прави Imagen 3 не само напреден во однос на квалитетот на сликите, туку и лесен за користење со широка примена во различни индустрии и креативни проекти.
Можете да го пробате тука: Imagen 3 – Google DeepMind