Њујорк Тајмс: Израел постигна се што можеше воено против Хамас во Газа

Израел постигна воено сè што може против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс.

Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се постигне договор за да се обезбеди ослободување на преостанатите 115 заложници од Газа, и живи и мртви, пишува Тајмс оф Израел.

-Израел беше во можност да го попречи Хамас, да убие голем број нивни водачи и во голема мера да ја намали заканата што постоеше пред 7 октомври, изјави за Тајмс поранешниот шеф на американскиот ЦЕНТКОМ, генералот Џозеф Л. Вотел.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Поранешниот висок функционер на ЦИА кој служел на Блискиот Исток, Ралф Гоф, рече дека Хамас во голема мера е исцрпен, но не и уништен, и дека Израелците можеби никогаш нема да можат целосно да ја уништат групата.

Пензионираниот израелски армиски генерал Јаков Амидрор не се согласува со ставот на функционерот и изјави за весникот дека Израел сепак мора да напредува во Газа.

-Ако Израел ги евакуира своите сили сега, за една година Хамас повторно ќе биде силен, тврди тој, додавајќи дека на армијата и се потребни уште два или три месеци во централниот и јужниот дел на Газа.

- Реклама -