Реал најмaлку месец ипол без Камавинга


Францускиот играч за врска Едуардо Камавинга ќе отсуствува од терените околу месец и половина откако ги истегна лигаментите на левото колено на тренингот во вторник, ден пред натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта во Варшава.

„По извршениот преглед на деновите, на Едуардо Камавинга му беше дијагностицирано истегнување на внатрешните колатерални лигаменти на левата нога“, објави Реал.

Шпанскиот шампион не прецизираше колку долго ќе трае опоравувањето, но шпанските медиуми наведуваат дека за тоа ќе бидат потребни шест до седум месеци.

Камавинга е повреден по судир со сонародникот Орелиен Чоамени.

- Реклама -