Багери: Израел направи стратешка грешка со убиството на Ханија во Техеран

Израел направи „стратешка грешка“ која „скапо ќе го чини“ со убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран минатата недела, изјави в.д. министерот за надворешни работи на Иран, Али Багери, во интервју за Франс прес.

-Актот извршен од ционистите во Техеран е стратешка грешка и тоа скапо ќе ги чини, рече Багери во Џеда по итниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).

Тој, исто така, го обвини Израел дека сака да ја „прошири војната“ во регионот, истовремено додавајќи дека еврејската држава „нема ниту капацитет, ниту моќ“ да се бори против Иран.

Иранските претставници продолжуваат да се закануваат со одмазда кон Израел, кој сè уште не ја коментирал смртта на Исмаил Ханија на 31 јули, потсетуваат француските медиуми.

Прочитајте и:  Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа

На вчерашната средба на министрите за надворешни работи на 57-те земји членки на ОИК беше усвоена декларација во која Израел беше прогласен за „целосно одговорен за грозоморното убиство“ на лидерот на Хамас, кој живееше во Катар и имаше водечка улога во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, потсетуваат француските медиуми.

- Реклама -