Големиот корален гребен во Австралија е загрозен, температурата на морето највисока во последните 400 години

Големиот корален гребен во Австралија, најголемиот во светот, е под закана откако температурата на околното Корално Море се зголеми во изминатата деценија и го достигна највисокото ниво во последните 400 години, покажува научната студија објавена денеска.

Група научници од универзитетите низ Австралија откриле дека температурите на океаните кои биле стабилни стотици години почнале да се зголемуваат од 1900 година досега како резултат на човечкото влијание

Студијата истакнува дека од 1960 до 2024 година, температурата на водата околу Големиот корален гребен се зголемувала за 0,12 степени Целзиусови секоја деценија.

На гребенот, веќе пет лета од 2016 година, делови од коралите побелуваат поради екстремно високите температури.

Еден од коавторите на студијата, професорот на Универзитетот во Мелбурн, Бенџамин Ханли, рече дека температурата на водата околу Големиот корален гребен забележа најголем пораст од јануари до март годинава, предупредувајќи дека гребенот е сериозно загрозен.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Коралните гребени ги штитат крајбрежјето од ерозија, дом се на илјадници видови риби и се важен извор на приход од туризмот за многу земји.

Најмалку 54 земји и региони пријавија масовно белење на коралните гребени од февруари 2023 година како резултат на затоплувањето на површинските води на океаните, соопшти Американската управа за океани и атмосфера.

- Реклама -