X ќе ги тужи компаниите што не сакаат да се рекламираат кај нив

Платформата X (поранешен Твитер) тужи група на големи огласувачи, бидејќи како што тврдат, незаконски се здружиле за да ја бојкотираат платформата.

Како што се наведува, платформата ги тужи прехранбените гиганти Унилевер и Марс, приватната здравствена компанија ЦВС Хелт и фирмата за обновливи извори на енергија Орстед, заедно со трговсното здружение Светската федерација на огласувачи, бидејќи им ускраиле милијарди долари приходи од реклами.

Тужбата се однесува на 2022 година, непосредно откако Маск го купи X, кога започнаа да се повлекуваат огласувачите.

Одредени компании станале внимателни кога е во прашање огласувањето на платформата поради загриженост дека нејзиниот нов сопственик не е доволно сериозен во поглед на отстранување на штетни содржини на мрежата.

Извршната директорка на X, Линда Јакарино рече дека луѓето се повредени кога пазарот на идеи е стеснет и дека мала група на луѓе не треба да го монополизира тоа што се монетизира.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Маск на платформата напиша дека две години се обидувале да бидат фини, но дека не добиле ништо освен празни зборови и дека сега влегува во војна.

Светската федерација на огласувачи и обвинетите компании не одговориле одма на медиумите запрашани за ваквата тужба.

Приходите од огласување на X паднаа за повеќе од половина во првата година откако Маск ја купи фирмата, бидејќи огласувачите ја избегнуваа компанијата. X сега тврди дека компаниите делувале спротивно на сопствените економски интереси во завера против платформата, со што ги прекршиле американските антимонополски закони и законот за конкуренција.

Извор: Н1

- Реклама -